Блиндираниот автомобил во кој Ал Капоне се штитеше од непријателите, се продава на аукција за 325.000 долари.
Кадилакот од 1928 година, автомобилот на познатиот американски гангстер, бил оклопен со 1350 кг. Челик, офарбан во зелено со црни калници за да наликува на тогашните полициски возила.
Сите стакла се отпорни на куршуми, а задното стакло се вади за да можат луѓето на Капоне да пукаат на оние што ги следат.
Автомобилот после затворањето на Капоне, едно време бил користен од американскиот претседател Франклин Рузвелт.