Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган прогласи победа над антивладините демонстранти откако полицијата ги протера од истанбулскиот парк Гези со цел сузбивање на немирите што траеја речиси три недели.
– Нашата демократија беше повторно ставена на проба и ние од тоа излеговме како победници, рече Ердоган пред членови на владејачката Партија на правдата и развојот, добивајќи притоа долги аплаузи.
– Народот и Владата на партијата оневозможија заговор…планиран од предавници и нивни странски соучесници, нагласи Ердоган.
Тој предупреди дека од сега „нема да имаме никаква толеранција спрема луѓе или организации кои спроведуваат насилство“.