Големите горештини, кои во БиХ траат веќе со недели, предизвикаа повеќе шумски пожари, а најтешка е ситуацијата на подрачјето на Какањ, Олово и Завидовиќ во централниот дел на земјата, соопшти денеска босанското Министерство за безбедност.
Во близина на Какањ, каде пожарот изби вчера, огнот зафатил околу 20 хектари борова шума, но пожарот засега не претставува закана за населените места. Во гаснењето на огнот, освен пожарникарите, ангажирано е и населението.
Во Олово пожарот кој изби во неделата досега изгоре околу 100 хектари шума. Засега гаснењето го отежнува и силниот ветер.
Министерството за безбедност побара од Министерството за одбрана да ангажира хеликоптери во гаснењето на пожарите во подрачјата каде моментално е најтешка ситуацијата, а гасењето е единствено можно од воздух поради непристапниот терен.