СДСМ: Владата не прави компромиси со криминалот, оној којшто го прекршил законот мора да сноси одговорност

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ деновиве се нервозни бидејќи целосно потфрлија во обидот да го скријат фактот дека токму нивниот Христијан Мицкоски направи неуспешен обид да саботира комплицирана полициска акција „Двојник“ преку јавно откривање на информации во тек на активна истрага“, велат СДСМ.

„Благодарение на брзината и координираноста на полицијата намерата на Мицкоски да ги спаси криминалците беше осуетена.

Ако Мицкоски, единствениот на браникот на криминалот по сопствено признание, навистина бил загрижен за владеење на законите и државата, како што вели, сите докази за акцијата „Двојник“ ќе ги доставел до надлежните инситуции, но тој застана на страната на криминалците, јавно објавувајќи информации со цел да ја саботира акцијата на полицијата.

Ваквиот негов потег, неговото опасно загрозување на полициска истрага повлекува и истрага за утврдување на одговорност.

И тоа Мицкоски го знае, затоа измислува непостоечки случаи, затоа шири измислици, во очаен обид да се испере од овој негов скандал.

Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори.

Зошто шефот на ВМРО-ДПМНЕ стоел во одбрана на криминалци и има ли некакви должничко доверителски односи кон нив за да морал да саботира сложена полициска операција?

На ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицскоски треба конечно да им стане јасно Владата предводена од СДСМ не прави компромиси со криминалот, оној којшто го прекршил законот мора да сноси одговорност“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски