(ВИДЕО) Кузеска: Независна истрага да даде одоговри зошто Мицкоски се обиде да саботира акција на полицијата

Од:

„Обидите на Христијан Мицкоски да саботира важна полициска акција за да спаси криминалци пропаднаа.

Акцијата на полицијата против фалсификатори на пасоши заврши успешно, по спроведена истрага која траела подолг временски период.

Нема компромис со криминалот, секој што прекршил закон мора да се соочи со одговорност“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Дека Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот, како што и сам кажа во еден јавно објавен разговор, и дека е против правдата, граѓаните добро го знаат.

Но, кога станува збор за загрозување на полициска истрага, тоа повлекува и истрага за утврдување одговорност.

Обидите на Мицкоски за загрозување на истрагата, мора темелно да се истражат од страна на надлежните институции.

Особено што Министерството за внатрешни работи јасно соопшти дека токму Христијан Мицкоски „имал контакти“ и бил „во тесна врска“ со еден од сега веќе приведените во оваа полициска акција.

Само независна и транспрента истрага ќе даде одоговри кој е интересот на Христијан Мицкоски што се обиде да ја саботира оваа акција на полицијата?

Зошто Мицкоски бранел криминалци и има ли некакви должничко доверителски односи со нив? Јавноста, со право очекува одговори“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски