СДСМ: Пропадна уште еден обид на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го одбранат криминалот, време е за одговорност

Од:

„Последните случувања со сложената полициска акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши потврдија дека Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот, на страната на криминалците, на спротивната страна од полицијата и правдата.

Мицкоски недозволиво пласираше информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната истрага за овој случај, но таквите намери пропаднаа по соодветната и навремена реакција на полицијата“, велат од СДСМ.

„Осуетените обиди на Мицкоски за саботажа на полициската акција и загрозување на истрагата, сега треба да бидат предмет на интерес и на Јавното обвинителство.

Јавноста со право очекува соодветна реакција.

Одговорност мора да има за оние кои го прекршиле законот, за оние кои на каков било начин, помагале во тоа или ја саботирале акцијата.

Пропадна уште еден во низата обиди на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат правдата, да ги одбранат криминалците.

Колку и да е неприфатливо за Мицкоски, државата, надлежните институции остануваат посветени на бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата“, соопштија СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски