Иритирачките парови на ФБ се најсреќни

Од:

Иако многумина ќе се согласат дека има нешто исклучително иритирачко кај паровите кои постојано објавуваат свои фотографии на Фејсбук, изгледа дека споделувањето на емоциите со другите позитивно влијае на нивната врска.

Истражувањето објавено во магазинот “Social Psychological and Personality Science” покажа дека паровите кои што сакаат да ги споделуваат своите чувства и фотографии од својата врска на Фејсбук се чувствуваат и посигурно и имаат поголема доверба во својот партнер.

Водителката на истражувањето Лаура Саслов направи три експерименти со луѓе постари од 18 години.

Првиот пример покажа дека луѓето кои често објавуваат фотографии од себе или својот партнер на Фејсбук се воедно и посреќни во врската од оние кои што тоа не го прават толку често.

Исто така, заклучено е дека ваквите личности често ги искажуваат своите позитивни емоции поврзани за бракот и врската, а тоа го прават во деновите кога се особено задоволни од тоа како функционира нивниот однос.

“Логично е некој кој е толку многу задоволен од својот живот и врската да објавува фотографии кои што сето тоа го потврдуваат и кои што ќе можат сите да ги видат”, заклучува коавторката на студијата Еми Муис во интервјуто за “Canada.com”.

Би можело да ве интересира

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините