За секоја седма жена понеделник не е најлош ден во неделата, туку дури 60 проценти од нив се радуваат на почетокот на работната недела.
Истражување на една британска козметичка компанија покажа дека жените всушност се радуваат на првиот ден од неделата, бидејќи го гледаат како можност за одмор од напорниот викенд.
За најлош ден ја сметаат среда, бидејќи нивото на енергијата паѓа, а бројот на обврските расте.
Елена Георгиевска