Мал број полицајци останаа на Таксим

Од:

Утринава на истанбулскиот плоштад Таксим останаа само мал број полицајци, а жителите на градот веќе можат да минуваат преку него и преку паркот Гези, пренесоа руските медиуми.


Во последните два дена Таксим беше целосно блокиран од силите на редот.


Општинските служби го исчистија реонот на плоштадот и посадија нови цвеќиња околу споменикот во центарот на Таксим. На улиците покрај плоштадот, меѓутоа, уште може да се забележат траги од судирите.


По протестите од изминатата ноќ по улиците околу плоштадот, во Истанбул утринава во целина ситуацијата е мирна, посочуваат агенциите.


Над 600 лица вчера биле приведени во Истанбул и Анкара за време на антивладините демонстрации, соопштија извории од адвокатските комори во двата града, пренесоа француските медиуми.


По распитот приведените биле ослободени или изведени пред обвинител, посочијаа извориите.


Турската приватна телевизија НТВ соопшти дека утринава турските сили за брзо реагирање ги урнале шаторите на демонстрантите во градот Ескишехир, во северозападна Турција. Околу 250 шатори биле кренати и натоварени на камиони. Полицајците употребиле водени топови и солзавец врз демонстрантите. Има многу приведени.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски