Колку разводот може да биде болен, покажа гневот на една жена, толку голем што била во состојба да превземе екстремни мерки. Од куќата ги тргнала сите работи што ја потсетуваат на сопругот. Покрај неговите работи фрлени во дворот на знак на табла со спреј напишала „Бесплатно“ и „Распродажба на работа од поранешниот сопруг“. За причината на разводот оваа жена од Висконсин била многу отворена. Ги дупнала гумите на комбето и на него напишала: Швалер!
Возачите што поминувале низ оваа населба забавувајќи, љубопитно ја гледаале оваа потполно налудничава сцена. И минувачите не останале рамнодушни, па настанала таква неподнослива гужва што полицијата морала да го одвлечка возилото.