ФОТО: Илјадници Шпанци протестираат против мерките за штедење

Од:

Илјадници лица денес протестираа во Мадрид, поради политичкото штедење и рекордно високата невработеност, повикувајќи го премиерот Маријан Рахоја да се насочи кон отворање нови работни места, за да помогне државата да излезе од рецесија.

spanija-stedenje161

Демонстрантите поминаа низ централните улици на главниот град во Шпанија, носејќи црвени и бели синдикални знамиња и транпаренти на кои пишуваше „Мерките за штедење уништуваат и убиваат“ и „Намалување на потрошувачката е кражба“.

spanija-stedenje162

-Се надеваме дека владата ќе сфати дека не може да се смени ситуацијата со намалување. Време е да се промени линијата и да се направи повеќе за поттикнување на раст-изјави Дијана Родригез, која е без работа последните две години.

spanija-stedenje163

Демонстранциите се одржуваат и во уште 28 други шпански градови, вклучувајќи ја и Барселона.

spanija-stedenje164

Владата на Шпанија вети дека ќе заштеди 150 милијарди евра помеѓу 2012 и 2014 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја