Во Крива Паланка синоќа со повеќе атрактивни точки настапија дел од учесниците на 8. Меѓународен уличен фестивал „БАСКЕРФЕСТ“.
Артистите на Градскиот плоштад изведоа повеќе жонглерски и атрактивни точки на кои посебно се воодушевуваа најмладите.
Настапот на артистите од БАСКЕРФЕСТ се одржа во рамки на културната манифестација „Крива Паланка – град на културата за 2013“ што ја организираат општината, Центарот за култура и Градскиот музеј, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.