Валијата на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу, денеска изјави дека повеќето демонстранти во паркот Гези, во Истанбул, доброволно се повлекле од паркот по предупредувањата на полицијата, соопшти сајтот „Ворлд булетин“.
Мутлу посочи дека синоќешната интервенција на полицијата во паркот била насочена само против нелегалните групи, кои инсистирале да останат во паркот.
За време на прес конференција, на која Мутлуја коментираше синоќешната акција на полицијата во паркот Гези, тој додаде дека демонстрантите повеќе од 45 минути биле предупредувани да го напуштат паркот.
Осум борбени возила со вооружени војници на жандармеријата попладне беа разместени во истанбулскиот кварт Меџидијекој, од каде минува една од улиците за плоштадот Таксим.
Војниците се подготвени да ги нападнат демонстрантите. На пладне полиција повторно со солзавец и воедни топови нападна една група демонстранти во соседниот кварт на плоштадот Таксим, Елмадаг. Има ранети.
На плоштадот Таксим не е дозволено присуство на луѓе, освен оние кои имат пропусници. Не стивнуваат протестите против полицијата, која синоќа со исклучителна жестина ги нападна демонстрантите во паркот Гези, и покрај тоа што претходно тие ги повлекоа барикадите, што го преградуваа влезот во паркот, за да можат луѓето слободно да влегуваат и излегуваат и изјавија дека протестот ќе го ограничат само во рамки на паркот.
Демонстрантите денеска попладне повторно почнаа да се собираат околу плоштадот Таксим, што е окупиран од полиција. Сите приоди кон плоштадот Таксим се блокирани. Не се дозволува дури и присуство на туристите. Властите натераа и некои од хотелите околу плоштадот Таксим да бидат ослободени од туристи.
За денеска на плоштадот Таксим е предвидено оддржување антивладин митинг против бруталните дејствија на полицијата при задушувањето на протестите за паркот Гези. Митингот го свикаа синдикатите, форумот „Солидарност за Таксим“ и опозициската Народнорепубликанска партија.
Илјадници луѓе од азискиот брег на мегаполисот, од островите, населбите Измит, Коџаели се собираат во соседните квартови на Таксим – Бешикташ и Мачка, од каде имаат намера да отидат до плоштадот, што е окупиран од полицијата.
Лидерот на опозициската Народнорепубликанска партија, Кемал Калачдароглуго обвини премиерот Ердоган и владата за бруталните дејствија на полицијата во паркот Гези, изјавувајќи дека „бруталните дејствија на полицијата против демонстрантите се злосторства не само против демократијата, тукусе злосторства против човештвото“.
Во Анкара пратеници на Народнорепубликанската партија застанаа против полицијата за да ги чуваат луѓето кои се собрани на протести против неа.
Напрегнатоста во Турција ескалира и веќе мусе заканува на граѓанскиот мир во земјата.