Авион принудно слетал поради порака во тоалет

Од:

Авион на компанијата „ЕгипетЕр“кој сообраќал на линијата Њујорк – Каиро принудно слетал во Шкотска, откако еден патник во тоалетот на авионот пронашол заканувачка порака.

Пораката напишана на англиски јазик, имала заканувачка содржина дека авионот ќе биде запален, рече претседателот на компанијата во Каиро, Тавфик Аси.

Пилотот ја извести контролата на летот по што авионот беше пренасочен на аеродромот Прествик, во Гласгов, каде што 310 патници го напуштија леталото, пренесе „Ројтерс“.

Полицијата во Шкотска го потврди инцидентот и додаде дека нема извештај за повредени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран