Полицијата во Истанбул денеска целосно го блокираше пристапот до плоштадот Таксим по синоќешната акција на полицијата, во која од паркот Гези беа избркани сите демонстранти, пренесоа американските медиуми.
Запрено е движењето на автомобили по улиците што водат до Таксим. Не се дозволува ниту минување на пешаците во реонот на плоштадот.
Светските медиуми јавуваат дека булдожери расчистуваат се што останало од демонстрантите во паркот Гези.
Демонстрантите во паркот почнаа екопротест на крајот на минатиот месец, но тој постепено прерасна во големи антивладини демонстрации низ цела Турција.