„И ова ќе го преживееме“ е мотото на годинешната пандемиска „Златна бубамара“

Од:

Овогодишното 24-то, вонредно пандемиско издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ пристигнува в недела, 28 март, на Канал 5, соопштија организаторите.

Под мотото „И ова ќе го преживееме“, манифестацијата прави пресек на изминатата 2020 година, обединувајки ги најпопуларните музичари и уметници од
земјава и од регионот околу идејата – големата заедничка 3-часовна забава, замислена како прослава на радоста на живеењето, да им се посвети на здравствените работници и на севкупниот медицински персонал, кои се вистинските херои на новото време.

На манифестацијата ќе бидат доделени награди во повеќе традиционални категории, а годината, таква како што беше, наложи и неколку нови категории – како, на пример, најоптимистички хит на годината, пандемиски хит и други.

„Бидете одговорни, останете дома и гледајте Златна Бубамара во недела, 28 март, на Канал 5,“ порачуваат од радиото „Бубамара“, кое традиционално ја организира манифестацијата.

Би можело да ве интересира

Радио Бубамара го претстави постерот на овогодишната „Златна бубамара на популарноста“

Ана Ололовска

За 45 минути распродадени билетите за „Златна бубамара“

Наум Локоски

Од денеска во продажба билетите за „Златна Бубамара на популарноста“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ние сме специјалки, ние сме генијалки, СЈО на Златна Бубамара на популарноста

Ана Ололовска