Десетици илјади симпатизери на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган се собираат за да изразат поддршка на владата која што се соочува со протести.
Приврзаниците на Ердоган се собираат во предградието на Анкара и Синчан, пренесува „Ројтерс“.
Организаторите поставија големи постери со ликот на премиерот, кој би требало, како што се очекува да им се обрати подоцна.
Демонстрантите во Истамбул денес соопштија дека нема да се повлечат и покрај тоа што премиерот објави дека ќе го суспендира спорниот план за изградба и преуредување на паркот.
На демонстрантите преку „Твитер“ им се обрати и претседателот Абдулах Гул, кој ги повика да се вратат во своите домови, бидејќи се отворени каналите за дискусија и дијалог.
Елена Георгиевска