Со измама, одземени 450 евра од старец од Желино

Од:

Лицето З.Р.(76) од село Добарце, општина Желино вчера пријавил во тетовската полиција дека непознато лице го измамило и му зело околу 450 евра, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според пријавата на оштетениот, вчера околу 9 часот тој излегол од банката „Вестерн унион“ од каде подигнал 450 евра. Потоа седнал на клупа во близина на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ каде му пришол непознатиот, кој почнал разговор и му рекол на старецот дека ги познава неговиот син и блиските, кои се на печалба во Италија, по што се понудил да му помогне за менување на еврата.

– Штом старецот ги извадил парите, непознатиот брзо му ги зел од рака и му рекол да почека малку, по што заминал и не се вратил. Отако увидел дека е измамем и дрско ограбен З.Р., по околу половина час од настанот, го пријавил случајот. Се преземаат мерки за идентификување на сторителот и негово приведување, изјави Јосифовски.

Тој посочи дека во последно време има зголемен број на вакви случаи на измами при што главна цел се пред се повозрасни лица.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи