Царинската управа поднесе кривична пријава до кумановското Основното јавно обвинителство против фирма со седиште во Крива Паланка, поради сомнение дека сторила кривично дело избегнување на плаќање акциза.
Како што информираат од Царинската управа, станува збор за увезен необработен тутун во вкупна количина од 56.799 килограми, кој потоа бил пуштен во промет во акцизното подрачје на незаконит начин, без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 102.238.200 денари (1,6 милион евра).
Се работи за пет увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на фирмата од Крива Паланка, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.