Во Истанбул продолжуваат протестите, во Анкара полицијата растерува демонстранти

Од:

Демонстрантите во Истанбул денеска соопштија дека нема да се повлечат од паркот Гези, кој е центар на двонеделните антивладини протести, додека полицијата во Анкара со водени топови и солзавец растерува група која во текот на ноќта поставила барикади во близина на зградата на турскиот Парламент.

– Го продолжуваме отпорот и ќе се спротивставиме на секоја неправда која се случува во нашата земја, соопшти главната група која ги претставува демонстрантите.

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган се согласи за прекин на спорниот план за реконструкција на паркот Гези, кој беше повод за почеток на протестите, повикувајќи ги демонстрантите да си заминат во своите домови.

Тој повика мала делегација од демонстрантите да ги убеди илјадниците останати да се повлечат од паркот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски