Извештај на „Спасете ги децата“: Четвртина цивилни жртви во Јемен се деца

Од:

Повеќе од 2.300 деца се убиени во периодот од 2018 до 2020 година, соопшти организацијата „Спасете ги децата“ (Save The Children).
Децата претставуваат четвртина од цивилните жртви во Јемен во изминатите три години од војната меѓу бунтовниците од движењето Хути и меѓународно признатата влада, соопшти невладината организација.

Повеќе од 2.300 деца биле убиени помеѓу 2018 и 2020 година, наведува организацијата во новата студија, додавајќи дека реалниот број на жртви е веројатно многу поголем.

– Јеменските деца веќе шест години доживуваат страшен и бесконечен кошмар. Децата продолжуваат да бидат убивани и повредени скоро секој ден, изјави Ксавиер Жуберт, директор на јеменскиот огранок на „Спасете ги децата“.

Извештајот на организацијата беше издаден веднаш по објавата на УНИЦЕФ во саботата, во која се наведува дека осум деца биле убиени и 33 ранети само во Јемен овој месец.

Како и другите хуманитарни агенции, „Спасете ги децата“ изрази жалење за падот на финансирањето за помош на земјата зафатена од војна. Групата наведе дека нејзините средства за помош на децата во Јемен се намалени за повеќе од 40 проценти во споредба со минатата година.

– Ако се точни предвидувањата на ОН, најлошиот глад во последните неколку децении може да убие стотици илјади деца. Ние мора да сториме се што можеме за да не се случи тоа, нагласи Жанти Соерипто, претседател и извршен директор на организацијата.

Јемен е во граѓанска војна од 2014 година, кога Хутите ја презедоа контролата над Сана и поголем дел од северот и ја принудија владата на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади да побегне на југ, а потоа во Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида