Јавното обвинителство предложи санкции за малолетникот што го прегази хирургот Јота

Од:

Основното јавно обвинителство денеска до Советот за деца при скопскиот Основен кривичен суд достави предлог за примена на санкција за малолетникот кој го прегази на пешачки премин лекарот Ѓорѓи Јота. Се товари за две дела:тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека на 25 февруари, детето како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувало кон сообраќајните прописи и со тоа го загрозило јавниот сообраќај и го довело во опасност животот и телото на луѓето.

– Иако немал возачка дозвола, тој со брзина поголема од дозволената за населено место управувал автомобил „БМВ Х6“ по булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје. Кога дошол на крстосницата со улицата „Елисие Поповски Марко“, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин, ваквата брзина не му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците. Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животно-загрозувачка состојба, а детето во ризик веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош, се појаснува во соопштението.

Бидејќи постои реална опасност детето да се даде во бегство, да ја попречува постапката или да го повтори кривичното дело, се наведува во соопштението, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор.

Би можело да ве интересира

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Возел пијан во спротивна лента – истрага за несреќата кај Ѓавато во која загина жена

Катерина Ѓуровски

Оглас за избор на обвинители во повеќе ОЈО, но не и за скопското

Скопјанец крвнички ја тепал и и се заканувал со убиство на поранешната сопруга пред малолетните деца

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара притвор за неготинецот кој ја претепа партнерката до кома

Притвор за гостиварецот кој уби човек во тепачка на две семејства

Катерина Ѓуровски