Јапонски суд: Забраната за истополови бракови е неуставна

Од:

Јапонски суд денеска донесе одлука дека владината забрана за брак на истополови партнери е неуставна.

Иако судот го отфрли барањето на тужителите за отштета, пресудата претставува голема победа поради влијанието кое може да го има врз слични тужби.

Окружниот суд во Сапоро укажа дека расата, полот и сексуалната ориентација не се предмет на индивидуален избор и дека затоа не е оправдано укинувањето на придобивките за истополови двојки кои имаат хетеросексуална врска.

Судијата во пресудата наведе дека забраната за истополови бракови е спротивна на членот 14 од Уставот, кој забранува дискриминација „врз основа на раса, религија, пол, социјален статус или семејно потекло“.

Судот го отфрли барањето на три истополови двојки јапонската влада да им исплати еден милион јени отшетета за траумата што ја доживеале бидејќи не им било дозволено да стапат во брак.

Бидејќи според јапонскиот закон, бракот се заснова врз „взаемна согласност на двата пола“, се толкува дека е дозволен само брак меѓу маж и жена.
Така, пресудата може да влијае врз други слични пресуди и да го забрза одговорот на владата на повиците за промена на законот.

Иако во Јапонија се зголемува свеста и поддршката за членовите на ЛГБТ популацијата, постои дискриминација, истополовите двојки не можат да наследат имот едни од други, ниту пак можат да ги остваруваат родителските права.

Јапонската владејачка Либерално-демократска партија има многу конзервативни ставови за составот на семејството и нејзините политики го спречуваат унапредувањето на правата на жените и прифаќањето на сексуалната разновидност.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови