Почнува осмиот „Баскерфест“

Од:

Трупата „Ил Посто” од Италија со спектакуларен настап на фасадата на Веро центар во Скопје вечер ќе го отвори годинашното осмо издание на Меѓународниот уличен фестивал „Баскерфест“, во организација на  Здружението на граѓани „One way“.

Настапот на италијанската трупа е комбинација на акробатски вертикален танц со музика во живо и спектакуларна кореографија индивидуално креирана за секој настап.

По свеченото отворање, пред Веро центарот ќе се претстават и преостанатите настапувачи со кратка изведба на своите точки.

И годинава покровител на овој значаен уличен фестивал е Град Скопје, кој што е поддржувач на Баскерфест веќе осум години ред.

Годинава Баскерфест ќе се дисперзира и низ цела Македонија.

Би можело да ве интересира

Денеска започнува Баскерфест

Ана Ололовска

Наредните два дена „Баскерфест 2018“ на Градскиот плоштад во Охрид

Ана Ололовска

Баскерфест караванот започнува од Охрид

Ана Ололовска

13-то издание на фестивал со улични изведувачи-Баскерфест 2018

Ана Ололовска

Во Велес заврши петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска

Во Велес започна петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска