Ердоган: Властите ќе го расчистат плоштадот Таксим од „немирите“ за 24 часа

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во следните 24 часа властите ќе го расчистат истанбулскиот плоштад Таксим од „немирите“.

Предупредувањето доаѓа за помалку од еден ден откако происламската партија на Ердоган, Партијата на правдата и развојот, предложи план за одржување референдум за проектот за реконструкција на паркот Гези, кој се наоѓа до плоштадот Таксим, што доведе до масовни протести.

Според турските медиуми, премиерот веќе му издал наредба на Министерството за внатрешни работи „во рок од 24 часа да им биде ставен крај на дејствијата на провокаторите кои се судруваат со полицијата“.

Пред градоначалниците од својата партија, Ердоган денеска изјави дека нема да ја прифати резолуцијата на Европскиот парламент за случувањата во Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски