Министрите за финансии на еврозоната ќе и понудат на Шпанија 30 милијарди евра заем како помош за нејзините проблематични банки.
После 9 часа разговор во Брисел министрите изјавија дека парите на Мадрид ќе му бидат на располагање до крајот на овој месец. Исто така договорено е до кога треба Шпанија да го намали буџетскиот дефицит во висина на лимитот на ЕУ од 3 %.
Тој рок ќе биде продолжен за една година, што значи до 2014 година.
Продолжувањето на рокот е условено од „значителното влошување на економската ситуација во Шпанија и последиците врз буџетската ситуација“ – рече шефот на еврозоната, Жан Клод Јункер.
Аналитичарите велат дека и продолжувањето на рокот за Шпанија ќе преставува голем терет имајќи го на ум високиот степен на невработеност, рецесијата и лошото работење на банките.