Немасните производи сепак дебелеат

Од:

Млекото и другите млечни производи со помалку маснотии всушност повеќе дебелеат.

Маснотијата има прекрасен вкус, не одржува во живот и дава чувство на заситеност. Млекото и јогуртот со помалкумаснотии или нискокаларочните замени за сирење немаат способност да го задоволат апетитот. Накратко: ако не јадете доволно маснотии нема да се чувствувате сити, а ако сте постојано гладни ќе продолжите да јадете и се повеќе ќе се дебелеете.

Првата грешка е во тоа што обидите да јадеме помалку не доведуваат до тоа да јадеме полошо. Откако научниците ги процениле калориските вредности на компонентите на храната, знаеме дека јагленохидратите и протеините даваат околу четири калории по грам, додека мастите околу девет калории. На тој начин маснотијата станала најголем негативец, бидејќи сите би сакале многу храна и малкукалории.

Секое лице кое постојано е на диета ќе ги брои калориите, но оние успешните ќе се држат до конзумирање на здрави масти и ќе се концентрираат на контрола на јагленохидратите. Таков пристап овозможува да јадеме вистинска храна – работи за кои нашите тела еволуирале за да ги конзумираат.

Истражувањето спроведено меѓу 11.000 мали деца утврдило дека двегодишните деца кои пијат полномасно млеко имаат помала веројатност да бидат дебели кога ќе наполнат четири години, во однос на своите врсници кои пијат безмасно млеко.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска

ОН: Дебелината се заканува да биде нова глобална пандемија во светот

А1он