Притвор за 41-годишник осомничен за полов напад врз деца​ на возраст од 7 и 5,5 години

Од:

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 41-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, до 21.7.2020 година, во повеќе наврати извршил полово дејствие врз деца на возраст од 7 и 5,5 години. Притоа, тој ги сликал жртвите со својот мобилен телефон.

Имајќи ја предвид опасноста од бегство на осомничениот, страв дека доколку биде на слобода ќе продолжи со вршење на вакви и слични кривични дела, како и тежината на стореното кривично дело за кое е запретена висока казна затвор во траење од најмалку 12 години, јавниот обвинител поднесе до надлежниот суд предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Основниот суд Кавадарци со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија

Мајка пријавила дека скопјанец ја гушнал и бакнал нејзината малолетна ќерка

Пријава за двајца татковци од Прилеп и Тетово кои ги силувале своите малолетни ќерки

Предраг Петровиќ

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Хрватски пејач осуден за детска порнографија

Музичарот педофил претепан и избоден во затвор: „Го држеа како заложник шест часа“

Предраг Петровиќ