Протестите во паркот Гези продолжуваат, иако турската Влада синоќа понуди распишување референдум за плановите за градба во Истанбул, поради што почнаа демонстрациите на 31 мај годинава.
Сепак, демонстрантите се сомничави и не веруваат во одржувањето на фер референдум, поради што продолжуваат протестите во паркот Гези.
Во Анкара доцна синоќа избувнаа судири, а полицијата употреби солзавец и водени топови за растурање на околу 2.500 демонстранти што поставија барикади на патот кон канцелариите на Владата, пренесува Танјуг.
Референдумот е предложен по вчерашната средба на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган со група од 11 активисти, вклучително академици, студенти и уметници во Анкара.