Двајца странски новинари, кои за канадската медиумска куќа CBC ги следат протестите во Истанбул, ги притвори турската полицијата.
CBC на својата веб страна соопшти дека е во контакт со новинарите Саша Петричич и Дерек Стофел кои што се притворени, пренесе „Ројтерс“.
Канадскиот министер за надворешни работи Џон Берд на својот „Твитер“ профил напиша дека во телефонски разговор со турскиот амбасадор изразил загриженост по повод апсењето.
Елена Георгиевска