Градежни работници на еден објект во бихаќката населба Голубиќи, вчера убија змија долга три метри.
-Започнавме да ги тргаме даските и таа излезе од под нив. Не можевме да поверуваме кога ја видовме, еден колега успеа да ја убие-велат вработените.
Додадоа дека должината на змијата ги вознемирила и дека биле преплашени, иако потоа утврдиле дека станува збор за змија која е безопасна по луѓето.
Елена Георгиевска