(ВИДЕО) Милошоски: Власта да понуди реални проекти што ќе му помогнат на туризмот и стопанството

Од:

„Имавме средби со туристички, угостителски работници, и со туристички водичи во Охрид, и со здравствени работници. Главната загриженост е сериозната потешкотија со кое што Охридското крајбрежје се соочува во однос со туризмот. И заеднички заклучок беше дека онаа би рекол акција на делење на ваучери за жал се покажа како неуспешна за да му помогне на реално на туристичкиот сектор. Бидејќи дури и бројот на домашните туристи во Охридското крајбрежје е намален за 64%“, кажа Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа сметаме дека власта наместо да менува во четири години три министри за финансии, подобро е да го смени концептот кон Охрид и Струга, и да понуди реални проекти што можат да му помогнат на градот, на туризмот и стопанството.

Тоа се нашите заклучоци, и ќе пробаме преку Собранието заедно со пратеници од Охрид, да предлагаме закони, амандмани и решенија кои што можат да бидат и помош за граѓаните и за стопанството“, изјави Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС