Лидерите на опозициските Народнорепубликанска партија (НРП) и на Партијата за националистичко дејствување (ПНД) го оценија турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган како „главен провокатор“ за протестите во паркот Гези во Истанбул.
– Која е користа да се разединува земјата? Вие ги провоцирате луѓето. Вие сте провокатор број еден, изјави лидерот на НРП Кемал Калачдароглу пред парламентарната група на партијата.
Тој нагласи и дека го смета Ердоган за „лажго“ поради обвиненијата кон демонстрантите дека пиеле алкохол во џамија во Истанбул.
Лидерот на ПНД Девлет Бахчели го повика вчера Ердоган „да не го поларизира повеќе општеството со својата реторика“. Тој упати критики и за одлуката на Ердоган за организирање протести во поддршка на владејачката Партија на правдата и развојот за време на викендот.
– Се чудам уште колку премиерот ќе провоцира непријателски дејствија и уште колкуќе го поларизира општеството, истакна Бахчели пред парламентарната група на НРП, нагласувајќи дека според него „Ердоган дејствува како најголемиот провокатор на сите времиња“.