Турската полиција употреби солзавец и водени топови за растерување на демонстрантите во Анкара, кои бараат оставка на владата на Ердоган, пренесува БТА.
На главните улици на турскиот главен град се собраа околу 5.000 лица, кои скандираа „Оставка на владата!“.