По 20 часа судири меѓу демонстрантите и полицијата на централниот истанбулски плоштад Таксим, денеска е мирно, јавија западни медиуми.
Околу три часот по полноќ по локално време полицијата ги испука последните гранати со солзавец врз демонстрантите кои се обидуваа да стигнат до плоштадот.
Општинските служби почнаа да го чистат плоштадот. Блиндирани автомобили на полицијата се пред културниот центар Ататурк.
Во паркот Гези каде е камп на демонстрантите се уште има луѓе, но е мирно, се додава во извештаи на западни медиуми.