Времето утре нестабилно проследено со поројни дождови

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд. Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во источните делови врнежите ќе бидат пообилни.
Температурата ќе се движи од 18 до 27 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен локален дожд и со умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во четврток и петок се очекува намалување на облачноста. Можно е локално да има и слаби врнежи од дожд, на места и со ретки грмежи особено на планинските подрачја. Глобално во наредните денови се очекува стабилизирање и затоплување на времето.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно и ладно со врнежи од дожд

А1он

Облачно и многу студено со температури под нулата

Емир Латифовиќ

Денеска 41 степен

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Пороен дожд и невреме во Скопје

Емир Латифовиќ

Денеска сончево и топло

Емир Латифовиќ

Утре 26 степени

Емир Латифовиќ