Денови на црногорска култура од денеска до 3 март

Од:

Со изложбата „Црногорско кирилично печатарство XV и XVI“ во сопственост на Матица црногорска, која ќе биде отворена денеска напладне во холот на Филозофскиот факултет во Скопје, ќе почнат Денови на црногорска култура во Република Северна Македонија.

Како што соопшти Матица на Црногорците во Македонија, манифестацијата ќе трае до среда, 3 март, и е организирана во соработка со Истражувачкиот центар Монтенгрин.

На Филозофскиот факултет денеска ќе биде организиран и омаж посветен на професори и студенти на овој факултет со црногорско потекло, а вечер во х. „Панорамика“ ќе биде претставен проектот „Црногорски иселеници и нивни потомци во Северна Македонија“.

Во рамки на Деновите на црногорската култура ќе има уште две изложби – утревечер од 18 часот во Музејот на македонската борба ќе биде отворена „Медова – 105 години сеќавања“, а в среда напладне во Кинотека – изложбата „Црногорски филмски плакат“ на авторот Миомир Матовиќ од Подгорица.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање