Денеска во Мостар, во 79-та година од животот почина познатата треварка Матија Пауновски, соопшти нејзиното семејство.
Матија Пауновски е родена во семејство кое повеќе од 150 години се занимава со собирање лековите билки. По потекло од БиХ, оваа треварка беше позната во сите краеви на поранешна Југославија. Дел од својот живот таа помина во Охрид и Македонија, каде беше позната по чаевите за слабеење, но и по лековитите напитоци за превенција и борба против многу болести.
Матија беше член на светската асоцијација за превентива и алтернативна медицина.