ФОТО: Околу 3.000 Босанци учествуваа во антивладините протести во Сараево

Од:

Илјадници Босанци се вклучија денеска во антивладиниоте протести, што траат веќе втора недела, наречени „бебешка револуција“, бидејќи беа отпочнати за случајот со тримесечно бебе кое заради недостиг од единствен матичен број (ЕМБ) не можеше да замине на лекување во странство, соопштија американските медиуми.

Околу 3.000 лица денеска се собраа во Сараево и ги повикаа политичарите да почнат да си ја вршат работата и да престанат со етничките спорови. Бројот на демонстрантите денеска беше два пати поголем од вчерашниот.

[nggallery id=201]

Демонстрациите во Сараево почнаа во средината на минатата недела кога гневни родители го опколија парламентот со барањето законодавците да го донесат новиот закон за ЕМБ, што им е неопходен на граѓаните за да можат да добијат лични документи.

Во четвртокот околу 2.000 демонстранти го окупираа парламентот и соопштија дека никому нема да му дозволат да ја напушти зградата додека не се изгласа законот за ЕМБ. Во блокираната зграда освен пратениците имаше и 350 странсјми државјани, учесници на меѓународната банкарска конференција, кои беа евакуирани во петокот рано утрината.

Законот за ЕМБ се одлага со месеци, затоа што партиите на босанските Срби инсистираат двете административни единици (Република Српска и Муслиманско-хрватската федерација) да имаат одделна граѓанска регистрација, а пратениците муслимани и Хрвати се за единствен систем за цела Босна и Херцеговина.

Непосреден повод за протестите беше случајот на тримесечното бебе Белмина, кое заради немање на 13-те бројки од ЕМБ не можеше да добие пасош и да се испрати на лекување во странство.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски