Поранешниот модел Џенис Дикинсон деновиве беше фатена од објективите како ужива на плажата заедно со своето куче. Таа беше голем поборник за хируршка интервенција, и тоа го потенцираше во неколку наврати, но судејќи според фотографиите, иако можеби нејзиното лице ги крие годините, нејзиното тело и ги открива.
Облечена во златни бикини го покажа своето тело кое го должи на големиот број зафати, но и упорни вежбања. Се познава деа поранешниот модел тешко го прифаќа процесот на стареење.
Еден козметички салон во Калифорнија ја обвини дека му должи 17.000 долари за третмани, всушнот се зборува дека заради својот изглед се задолжила на сите страни.
„Се обидувам да живеам. Некои работи ми се откажани, но јас сум се уште тука и работам се најдобро што можам“ изјави 57- годишната Џенис за „The Insider“.