Прв конгрес на гранскиот Независен синдикат на полицијата

Од:

Гранскиот Независен синдикат на полицијата денеска одбележува пет години постоење и дејствување 2012-2021 година и го одржува првиот Конгрес, на чиј дневен ред, меѓу другото е и избор на нов синдикален претседател за наредните пет години.

Актуелниот и еден од кандидатите за нов претседател на НСП, Гоце Делчев, рече дека официјално денеска навршуваат точно пет години од денот кога е издадено првото решение на Независниот синдикат на полицијата за делување на повеќе министерства и дека основна точка на делување досега, а и во иднина е да се донесат што повеќе подзаконски акти и колективни договори за сите работници во сите ресорни министерства, каде што Гранскиот НСП има синдикални структури.

– Преку програмата која ја имаме за делување на гранскиот НСП, синдикатот има поголем број плански активности за сите работници во редовната полицијта, во шумската, во судската и во затворската полиција, во наредниот период, приближувајќи се до европските стандарди на функционирање на самите синдикати, рече Делчев.

Имаме сериозна обврска, нагласи тој, на оваа и на секоја наредна Влада да и дадеме точно свежина, во делот на она што е потребно за подобри права на работниците, се со цел да ги задржиме да останат во оваа држава.

– Обрnuvam посебно внимание за сите вработени, не само за полицијата, туку и за шумската, судската и затворската полиција што повеќе подзаконски акти, особено колективни договори за сите работници во сите ресорни министерства, каде што гранскиот НСП има синдикални структури. Тоа е најзначајниот момент на моето функционирање и како претседател досега, меѓутоа и како кандидат на овој прв Конгрес, за уште еден мандат, ќе биде суштина за моето работење и во наредниот период од пет години, изјави Делчев.

Ивица Нацевски, кој е втор кандидат за претседател на НСП, порача дека доста научиле од Гоце и дека е време младите да го зазема неговото место.

– Синдикатот да биде европски, модерен, да идеме напред. Да се бориме и за нив старите и за нас младите, изјави Нацевски.

Би можело да ве интересира

Делчев Тодев: Со Буџетот за 2021 година повторно не се предвидени средства за изедначување на платите на полициските службеници со административните службеници

Ана Ололовска

Средба на министерот Спасовски со делегација на Независниот синдикат на полицијата

Ана Ололовска

Полициската станица Танушевци осум дена без струја, а МВР набавува 600 ремени за 300.000 евра

Маја Илиевска-Пачемска

Независен синдикат на полицијата: Не може да има пари за СЈО и за Фонд за инвестициии, а за награда за полицајците да нема

Маја Илиевска-Пачемска

НСП: Да се потпишат 532 решенија на приправниците и тие да почнат со работа

Ана Ололовска

Независниот синдикат на полицијата бара поголема заштита на полицајците кои се на терен

Ана Ололовска