Демонстрантите во Турција одбија да прекинат со протестот и покрај тоа што турскиот премиер, Реџеп Тајип Ердоган ги предупреди дека ќе платат поради нередите против неговата, децениски долга, исламска власт.
За денес во Анкара е закажан состанок на Ердоган со министрите во владата, а кризата е една од главните теми на разговорот.
Протестите во текот на викендот се интензивираа во Истамбул, Анкара и Измир.
-Сега ќе одиме на училиште, но подоцна ќе се вратиме-изјави 17-годишната Етем Јакин, кој нагласи дека доколку премиерот продолжи со тие зборови, тогаш и тие ќе продолжат на овој начин.
Премиерот на Турција се соочи и со меѓународна осуда поради насилството на полицијата врз демонстрантите.
Елена Георгиевска