Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во обраќањето до своите приврзаници порача дека неговото трпение има граници.
Во исто време полицијата имаше судир со демонстрантите во неколку градови во Турција, во кои употреби и солзавец и водени топови.
-Бевме и останавме трпеливи, но и за тоа постои граница-изјави тој и додаде дека оние кои што нема да ја почитуваат власта ќе платат за тоа.
Во немирите досега се повредени повеќе од 4.000 лица, а има и три жртви. Според Ердоган повеќе од 600 полицајци се меѓу повредените.
Елена Георгиевска