Шест турски полицајци извршиле самоубиства од почетокот на протестите во државата, изјави шефот на полицискиот синдикат Фарук Сезер. Полицијата беше под остри критики заради употребата на прекумерна сила врз демонстрантите.
Според Сезер, полицијата била принудена да работи во „сурови услови“. Синдикалниот лидер појасни дека полицајци мобилизирани од други градови спијат врз штитовите заради недостиг од сместување што требало да го обезбедат државните власти.
– Насилството, кое го гледате, е резултат од насилството врз полицајците. Тие не само што се подложени на насилство од демонстрантите туку и од 120-часовниот режим на работа и неквалитетна храна, изјави тој.
Сезер додаде дека веднаш штом ќе престанат протестите, синдикатот ќе достави до обвинителството докази за тешките услови во кои работат полицајците и ќе поднесат тужба.