Нови полициски приведувања во Турција заради пораки на Твитер

Од:

Турската полиција приведе 13 луѓе кои преку Твитер организирале протести и агитирале прекусоцијалната мрежа, јави Си-Ен-Ен Турк.

Тринаесеттмината се приведени во турскиот град Адана. Меѓу нив се и две жени. Тие биле на информативен разговор во полиција по што денеска се изведени пред истражен судија.

Според медиумот, тие имале намера за напади во време на демонстрации врз владини и партиски објекти, приватни автомобили и врз полицијата.

Минатата недела над 30 луѓе беа приведени во Измир врз основа дека со свои објави на социјални мрежи поттикнувале непријателства и омраза. Подоцна, приведените беа ослободени.

Би можело да ве интересира

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он