Изложба по повод 50 години од земјотресот во Скопје

Од:

„Недовршени модернизации: помеѓу утопијата и прагматизмот“ е насловена изложбата што ќе биде отворена вечер во Музеј на Град Скопје по повод 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје и ќе може да се посети до крајот на месецов.

skopje-63zem

Изложбата е завршница на двегодишниот истоимен проект, реализиран од Здружението на хрватските архитекти од Загреб, Орис куќа на архитектурата од Загреб, Музејот за архитектура и дизајн од Љубљана, Уметничката галерија од Марибор, Здружението на архитектите на Белград и Коалицијата за одржлив развој од Скопје.

skopje-63zemj

Таа е дел од европската програма Култура 2007-2013 и е иницијатива за долгорочна истражувачка платформа за архитектурата и урбаното планирање на просторите на поранешна Југославија, создавани во периодот од почетокот на заедничката социјалистичка држава до денес, од аспект на поширок социјален, политички и културен контекст.

– Преку изложбата се претставени карактеристичните архитектонски и урбанистички практики од периодот на социјализмот во однос на општествениот контекст во кој тие настанале, но и нивниот сегашен изглед и карактер. Опфаќајќи ја целокупната работа на истражувачите од Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и од Словенија, изложбата, освен со естетските и технолошките достигнувања на архитектонските и на урбанистичките проекти, се занимава и со општествената перспектива на процесите што влијаеле врз развојот, постоењето и распадот на Југославија, соопшти Музеј на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра

Скопјанец ја истепал сопругата и нивната ќерка, па оштетил дел од покуќнината

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари