Валентина Божиновска, актуелната претседателка на Комисијата за односи со верските заедници, во последната изјава Андреј Жерновски го нарече олицетворение на мрачните и деструктивни сили кои се креваат против Бога, црквата и културата.
Според Божиновска, ова што денес го прави Жерновски не го правел дури ни Хитлер.
Ова не е прв пат со жестина, Божиновска да напаѓа. Уште е актулен нејзиниот говор од 2006 година кога го напаѓаше и Никола Груевски.
Но, и покрај тоа, Божиновска, од најголем подржувач на Љубчо Георгиевски, го смени партискиот дрес и влезе во тимот на Никола Груевски.
Валентина Божиновска, Никола Груевски во 2006 го нарече „лажливец и човек кој сече глави, кој особено, сакал да ја исече главата на Љубе Бошкоски, потсетувајќи на становите на Никола Груевски, за кои долго се дебатираше, но тогашниот претседател на Антикорупциска, Михајло Маневски, не најде ништо спорно.
Еве што за Груевски велеше Божиновска на еден предизборен митинг на ВМРО-НП, но подоцна самата ја направи ништожна нејзината изјава.
Сакам да им упатам со тага и жалост на портокаловите, на моите довчерашни сопартијци, чудно е како доживеаја идеолошки церебрален казамат во главите, од каде таква десна провиниенција политичка во ВМРО, каде најголем десничар е Ѕинго?
Вчера човекот што се одзива на името на Никола Груевски се откажал од заклетвата на Илинденците и Гемиџиите. Рекол ке ги бришеме зборовите „Слобода или смрт“ . Илинденците се превртуваат во гробовите. Бегство од името Никола Груевски, бегство од такво идеолошко голиче Никола Груевски“, рече на митинг Божиновска.
Во колумната на Валентина Божиновска од 2006 со наслов: „Вистината на лажливецот“, објавена тогаш во весникот „Вечер“, таа напиша:
Кон значењето на вистината и нејзината ретка просветленост ќе се обидам почитувани читатели да одгатнам некои свои пригушени вистини. Се присетувам на едно пролетно утро во седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Ги гледав моите сопартијци со вкочанет израз на лицето. Без малку знаев дека е падната уште некоја од дублерските директиви на Никола Груевски. Моите драги сопартијци беа симнати еден кат подолу под Горското Началство на Груевски, со исклучени телефони, со искинат интернет, истото го стори и за лидерот на Партијата, ги присвои сите автомобили што и припаѓаа на ВМРО-ДПМНЕ и одби да ја осигура колата на Љубчо Георгиевски. Немаше одмор и престан за новиот претседател Груевски.
Безбели беше решен се што мирисаше, подмирисуваше и што потсетуваше на старата гарда на ВМРО-ДПМНЕ да го исчисти, да го проветри, да го сотре. Така и направи. Тоа е едно од најпрецизно, точните, математички особини што ги поседува Никола Груевски. Но тука не застана. Убавецот мора постојано да се докажува дека е убавец, мора постојано да внимава на својата козметика, на својот дневен и ноќен крем, на својот антирид.
Веројатно во неговото лично чистилиште не беше се завршено докрај. Наградениот јунак бараше се уште жртви. Требаше да се пресечат уште глави во партијата. Малкумина од луѓето во партијата знаат дека особено му беше значајно Љубе Бошкоски да се исклучи од партијата.