Мажите не ги осудуваат своите искусни пријатели, како што тоа го прават жените со своите пријателки, кои имале многу партнери.
Жените, кои имале (пре)многу сексуални партнери и имаат големо искуство се непожелни за вистински пријателки, откри студијата, која ја спроведе американскиот Универзитет Корнел на 700 студенти.
Таков став изразиле дури и испитаничките, кои се определиле за либерални ставови и погледи на светот, одобрувајќи го сексот за една ноќ или дури и самите имале многу партнери во животот.
Научниците сметаат дека станува збор за потенцијалната опасност, која искусните жени ја претставуваат за врската или бракот на нивните пријателки.
Интересно е дека и „промискуитетните“ жени речиси на ист начин ги окарактеризирале „искусните“ жени, па дури не би им дозволиле ниту да им се обратат за помош.
– По се изгледа дека и во однос на прашањето на пријателството има двојни стандарди, нагласи водачот на студијата, Зана Врангалова.