ВИДЕО: Петта Розова прошетка – кампања за борба против рак на дојка

Од:

На плоштадот „Македонија“ во Скопје и низ цела Македонија, вечерва се одржува петтата кампања за борба против рак на дојка „Напред розово“, што ја организира здружението „Борка – За секој нов ден“, во соработка со здружението „Интегритет Алфа и Омега“ и Амбасадата на САД во Македонија.

Претседателката на „Борка“ Биба Додева, нагласи дека целта на кампањата е да се подигне свеста за навремени прегледи и дијагоноза за да може повеќе жени успешно да бидат излекувани од оваа болест.


IZJAVI ROZOVO RAK NA DOJKA by dm_5126442af0645

– Оваа болест не познава дискриминација, не бира ниту по вера, ниту по политичка партија, ниту пак по пол. Во Република Македонија годишно мажи од рак на дојка заболуваат околу 1 процент односно околу 7 до 9 мажи, изјави вечерва Додева.

На настанот присуствуваа и министрите за здравство и за внатрешни работи Никола Тодоров и Гордана Јанкулоска, како и американскиот амбасадор Пол Волерс.
Тодоров информираше дека во Министерството за здравство има посебна програма за заштита од малигни заболувања, во чии рамки е и програмата за скрининг за рак на дојката.

– Секоја жена што сака да се прегледа тоа да може да го направи бесплатно, рече министерот Тодоров, додавајќи оти Република Македонија е една од ретките земји што тоа го овозможува, а во регионот стоиме најдобро во однос на бројот на жени кои имаат извршено прегледи од вкупната женска популација во земјава.

Според Тодоров, Министерството за здравство прави сериозни напори и е фокусирано на превенирање за што е можно порано откривање на оваа болест.

Централниот настан од годинашната кампања, насловена „Напред розово 2013 – чекори против ракот на дојка“, опфати прошетка низ центарот на Скопје со повеќе од 1.500 учесници, по која ќе следува музички хепенинг со настап на жени диџеи.

Пешачејќи три километри, посочуваат од „Борка“ се испраќа порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.
Како и во минатите години преку продажба на розови производи (маици, алки и други предмети) се собираат средства за реализација на годишните активности на здружението „Борка“ – обезбедување психосоцијална помош и поддршка за болните од рак и нивните семејства, перики за жените со низок социјален статус кои примаат хемотерапија, посета на Клиниката за онкологија и торакална хирургија од волонтери на Здружението, одржување на бесплатната СОС-линија за помош и поддршка…

Би можело да ве интересира

Национална конференција „Справување со предизвиците во борбата со ракот на дојка“

А1он

Европска недела за превенција од рак на грлото на матката

Ана Ололовска

Општина Битола се вклучи во глобалната акција за борба против ракот на дојка

Ана Ололовска

Ракот на дојка не ги одминува ни мажите, в недела трка и прошетка „Race for the cure“

Ана Ололовска

„Борка“ дел од „Race for the cure“, со дигитално учество може да им се помогне на болните од рак на дојка

Ана Ололовска

Дигитална трка „Race for the cure“ за подигнување на свеста за ракот на дојка

Ана Ололовска