Владејачката турска Партија на правдата и развојот соопшти денеска дека нема да има предвремени избори во земјата поради антивладините протести, кои во земјата се одржуваат повеќе од една недела.
– Во март 2014 година ќе има локални избори, претседателските избори ќе се одржат во август 2014 година, а парламентарните во јуни 2015 година и не може да стане збор за предвремени избори, изјави заменик-претседателот на партијата Хусеин Челик, по денешната седница на партиското раководство.